-За каква варијанта ќе се одлучиме ќе зависи пред се од финансиските услови, но најважно е што покажавме дека покрај донациите ние умееме да бидеме партнери и знаеме да ги искористиме природните ресурси со кои располагаме, истакна директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески.
Со пуштање во употреба на пресата за преработка на тињата се заокружува швајцарската донација за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро вредна 1 милион евра. Околу 700 000 евра донација беа употребени за рехабилитација на редукторите на колекторскиот систем, а остатокот од околу 300 000 евра е искористен за набавка на специјалната преса за преработка на остоците од процесот на пречистување на отпадните води.