Од водите на Охридското Езеро кај Трпејца, на околу три метри од брегот, извадени се искршени азбестни плочи. Кој ги фрлил тука не се знае, но зошто никој не реагирал е прашање кое повеќе ги загрижува Лилјана и Катица кои сами ги извадиле од вода азбестните плочи.
Апелирам до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да интервенира. Апелирам до локалните еко организации, до Охридски Комуналец овој отпад да биде отстранет бргу и прописно. Апелирам до Трпејчани да се однесуваат одговорно и прописно да го отстрануваат отпадот наместо да го фрлаат во езеро. Апелирам до туристите и вљубениците во Трпејца да реагираат и да бараат поголема грижа за отпадот и чиста средина. Разочарувачки е ниското ниво на луѓето во однос на отпадот. Едноставно не им пречи и е дел од културата на живеење во Македонија, стои во дописот испратен до медиумите од Лилјана Илиевска.
Таа посочува дека туризмот подразбира и одговорно однесување, а најмногу од локалното население кое мора да води повеќе грижа за заштита на животната средина.
OhridNews