Во болницата на Лонг Ајланд со оплодување на една јајце клетка родена е идентична тројка, а лекарите тврдат дека такво нешто се случува еднаш на 200 милиони зачнувања.
На прес конференцијата мајката на Логан, Елаја и Колин им ги налакирала ноктите, затоа што засега единствено само така ги распознава.
Мајката Алисон Пен забременила со вештачко оплодување со само еден ембрион кој веднаш се преполовил , а потоа уште едната половина се преполовила.
„Ова е прв случај во науката да со еден ембрион се зачнат идентични тројки, затоа што во најголемиот број случаи на вештачко оплодување се вметнуваат два или три ембриони за секој случај“ изјавил доктор Виктор Клајн.
31-годишната Алисон и нејзиниот 46-годишен маж четири години се обидувале да добијат дете.
„Кога ни рекоа дека ќе добиеме тројки, погледнав во широко раширените очи на Алисон која од изненадување не можеше да прозбори“ изјавил таткото на тројката, Том, кој во целата ситуација гледа иронија бидејќи со вештачкото оплодување се обидувале да добијат само едно дете.
ohridnews