Професорите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски се виновни, одлучи судот во случајот „Еразмус“, jaвува „Макфакс“.

Првообвинетиот Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кого судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите.

Ослободен од обвинението е професорот Стојан Дебарлиев, кого судот го прогласи за невин. Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.

OhridNews
извор: „Макфакс“