Финансиската криза очигледно нема негативно влијание врз некои луѓе, па така еден Британец на божиќни украси за уредување на домот потрошил повеќе од 30 000 фунти.
Британецот Алекс Гудвин четири месеци планирал како да го украси домот за Божиќ. Одлучил неговата куќа да има најмногу украси и да биде најблескава во цела Велика Британија.
Тоа што по струка е електричар му помогнало во потфатот, бидејќи куќата требало да биде обезбедена со дополнителни извори енергија, кои ќе бидат доволни за околу 120 000 светилки.
Ни минатата година не штедел. Сметката за струја му изнесувала 700 фунти, што отприлика одговара на сума која ја троши просечно семејство за една година. За среќа, соседите му биле доста наклонети на такво расфрлање, па и тие се вклучиле во натпреварот, но сеуште никој не го достигнал.
Нормално, Алекс разгледувањето на електричната инсталација го наплатува, но, сите пари ги донира во добротворни цели. Минатата година донирал околу 200 000 фунти во една локалната установа која се грижела за неговата мајка пред да почине пред две години.
Алекс, божиќните светла започнал да ги поставува кога имал 10 години. Оттогаш работи секоја година и постојано додава по неколку детали.