Сите посетители кои деновиве биле во манастирот на Плаошник, најверојатно ја забележале грдата слика која се наоѓа наспроти ова духовно светилиште. Имено  од левата страна на патеката која води до влезот, од дворот на манастирот, има расфрлано купови со камења и друг градежен шут. Се претпоставува дека градежниот отпад е изваден или евентуално ќе се користи при санирање на ископините на Плаошник.


Граѓаните од овој дел на градот, со кои успеавме да поразговараме велат дека доколку отпадот што стои тука, не е потребен за градежните работи кај манастирот, истиот треба под итно да се отстрани. Но доколку е потребен, треба уредно да се постави на некое посоодветно место, а не да се расврла на сите страни.

Е.Е.