Од 1 јануари возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

Сепак, барем извесен период, граќаните нема да бидат казнувани за непроменета возачка дозвола, најави денеска министерот за внатрешни работи Тошковски.

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да бидат казнети, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.

Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска до 31 декември да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.

Г.М.