Од денес подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна, нестабилна и постудена воздушна маса. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне во просек за осум до десет степени.

Во петок и сабота се очекуваат пообилни врнежи, а во петок и поинтензивен развој на нестабилна облачност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, локално со услови за појава на невреме.

Ohridnews