Заради изведување градежни зафати околу поставувањето фекална канализација во правец на Велгошти, улицата „Живко Чинго“  почнувајќи од среда 26. овој месец ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Јавниот локален сообраќај на релција Охрид-Велгошти, во договор со превозниците, веќе е пренасочен од кај бензиската пумпа над месноста „Гица“.

Изведувачите на работите и стручните екипи на „Проаква“ со интензивно работење ќе настојуваат работите да не се одолговлекуваат односно забраната засообраќај по улицата „Живко Чинго“ да трае пократко, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews