Од денес до 14-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ најмладите ќе имаат можност да го проследат германскиот анимиран филм комедија, „Витезот Расти“ .

Витезот се наоѓа во авантурата на својот живот: само што се исполни неговиот сон да освои голем турнир, лажно е обвинет за кражба. Лишен од голема чест и дворец, тој се обидува да се  снајде и да го врати срцето на својата девојка. Може ли да го победи злобниот принц и да го зачува своето царство?„Витезот Расти 3Д“ е интересна комбинација од средниот век, приказна за рециклирање и необични личности.Проследен со многу хумор, во цртаниот филм  се обработуваат теми како пријателство и храброст.

Почеток на проекциите е во 18 часот, влез 100 денари.

OhridNews