Цената на паркингор во Охрид, од денеска, 1-ви јуни, поскапува за 10 денари во првата и втората зона на централното градско подрачје. Ова се должи на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид.
Согласно одлуката за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари
Исто така, од денеска, ќе има нови цени и за користење на спортските објекти со кои стопанисува препријатието.
OhridNews