Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност во Медитеранот што ќе донесе нов  влажен бран кој ќе предизвика нови обилни врнежи од дожд на целата територија. На места се очекува количината на наврнат воден талог да биде поголема од 30 литри нметар квадратен, а ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер, соопшти УХМР.


Новите обилни врнежи од дожд и високите температури ѓе предизвикаат и топење на снегот, со што се зголемува опасноста од поплави како во планинските предели, така и во котлините.

ohridnews