Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од денеска до 15 март можат по електронски пат да аплицираат за билет за натпреварот на „црвено – жолтите“ од мундијалскиот бараж против Италија на гостински терен.

Барањата за влезници, како што соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), можат да се поднесуваат на електронската адреса: [email protected].

Македонските фудбалери на дуелот против актуелниот европски првак на 24 март во Палермо ќе имаат поддршка од 1.300 навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“, а цената на влезницата изнесува 12 евра.

OhridNews
Фото: ФФМ