Согласно одлуката на Министерството за здравство во дежурствата ќе бидат вклучени сите матичните лекари-концесионери и приватните лекари.
Списокот на дежурства го изготвуваат здравствените домови, а доколку не се почитува нивната наредба Фондот за здравствено осигурување ќе ги раскине договорите за соработка со лекарите кои нема да се стават на располагање во битката против свинскиот грип.
За успешно справување со евентуалната епидемија, која се очекува врв да достигне во декември и јануари, во секоја општина ќе бидат подготвени посебни пунктови каде што ќе се примаат само пациенти болни од новиог грип, а ќе биде воспоставена и телефонска линија која ќе биде наменета главно за пациентите со лесни симптоми кои ќе се лекуваат во домашни услови.