Од денеска ХАЦЦП задолжителен за производителите на храна од животинско потекло
01.10.09 09:50
Од понеделник инспекторите ќе започнат со помасовни контроли на производителите на храна од живоринско потекло кои од денеска задолжително мора да работат по ХАЦЦП стандарди. Од Републичката ветеринарна инспекција најавуваат дека засега нема да има казни за компаниите кои не го завршиле имплементирањето на ХАЦЦП, но на две недели ќе се контролира дали кај нив има напредок во процесот. Доколку се утврди дека тие немаат направено исчекор во имплементацијата на стандардите, привремено ќе им биде одземена дозволата за работа се додека не го воведат ХАЦЦП.
Засега 40 отсто од капацитетите за производство на храна од животинско потекло го имаат воведено ХАЦЦП-стандардот, исто толку се во фаза на имплементација, а 20 отсто го немаат започнато процесот на воведување на станадардот за безбедност на храна.
Многу поалармантна состојбата е кај производителите на храна од растително потекло кај кои имплементавијата на ХАЦЦП стандардот станува задолжителен од 1 јануари 2010 година. Само 600 од вкупно 16.000 регистрирани производители на храна од растително потекло целосно го вовеле ХАЦЦП, а околу 3000 се во процедура.
Компаниите кои нема да го воведат ХАЦЦП стандардот ќе се соочат со казни од 5.000 до 10.000 евра и затворање на производствените капацитети.
Претставата „Чекајќи го Годо“ работена според делото на Семјуел Бекет, во режија Сашо Миленковски, ќе биде одиграна на сцената на Народниот театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ во п...
Младите да се водат според личните афинитети и потребите на пазарот на труд кога носат одлука каде академски ќе се образуваат, е пораката која ја упати министерката за образование и наука, Весна Ја...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата и оваа недела спроведе 165 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна Недоследности се утврдени кај 41 оператор, за што се изда...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.