Учениците од најголемото основно училиште во Струга „Браќа Миладиновци“, од денеска ќе ја бојкотираат наставата, поради тоа што училиштето нема струја од почетокот на учебната година.
На вчерашната седница на советот на родители било договорено денеска и утре да се бојкотира само првиот час, додека од понеделник да има целосен бојкот на наставата.
Исто така од вчера часовите во ова училиште се одвиваат и со скратено време, односно по половина час.
Долгот за струја на струшките основни училишта е поголем од еден милион евра. Во моментот седум од единаесет основни училишта немаат електрична енергија.
Инаку деновиве Градоначалникот Зијадин Села изјави дека општина Струга е подготвена да го плати долгот за електрична енергија во струшките основни училишта, ако ЕВН овозможи плаќање на рати.
OhridNews