Поради големиот број барања одреден период по 1 септември трговците ќе можат да продаваат алкохолни пијалоци и без лиценца, но само доколку имаат поднесено барање за нејзино добивање. Лиценцата ќе чини 20.000 денари и ќе има важност две години.
Со измените во законот за трговија продажбата на алкохол во трговијата од 19 часот до 6 часот наутро е забранета, а алкохолни пијалоци веќе нема да можат да се продаваат на бензинските пумпи, киосците и зелените пазари.