Од денес започнува продажбата на карти за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 кој ќе се одигра во сабота во 18:30 часот во салата „Билјанини извори“.
Картите може да се купат на продажни места на две локации и тоа во во охридската чаршија, помеѓу Т.Ц.Амам и комплекс Летница (кај Аждер) секој ден до пред почеток на натпреварот и во спортската сала Билјанини Извори (на билетара) секој ден од 18:00-20:00 часот, информираат од ГРК Охрид.
Додаваат дека цена на билетот е 100 денари, а присутните ги очекуваат премногу изненадувања на ракометниот спектакл.
OhridNews