Првата тура од бродската линија на релација Охрид-Поградец која започна да функционира минатата година,  ќе се реализира денес.

Од Капетанијата на пристаништа информираат дека решението за определување привремен граничен премин кое го потпишува МВР и Царинската управа е издадено со важност од 5-ти јуни до 15-ти октомври 2015 година.

Преминот како и минатата година ќе биде кај Свети Наум. Бродарите се обврзани за пловидбата да добијат одобрение од министерот за транспорт и врски, кои веќе ги имаат обезбедено.

OhridNews