Во соработка со ветеринарната комора на Република Македонија и ветеринарните друштва, од денес, Агенцијата за храна и ветеринарство почнува со реализација на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици за што се набавени 100 илјади микрочипови. Акцијата, според планираното треба да се спроведе заклучно со 31 март 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно до целосно искористување на набавената количина од микрочипови.

Во кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици вклучени се 143 ветеринарни друштва, со кои Агенцијата за храна и ветеринарство склучи договори за реализирање на оваа активност.

Во општина Охрид и Дебрца, микрочипирањето ќе може да се изврши во:Вет Медика на ул. Дејан Војвода, Вет Спирит на ул. Славеј Планина, Меди Вет село Лескоец, Прима Вет село Требеништа, Маја Тамара Вет на „Македонски Просветители“, како и во Ветеринарната амбуланта Климе во село Требеништа.

Целосниот список на ветеринарни друштва кои ќе вршат микрочипирање може да се најде на интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство.

OhridNews