Од денес сите граѓани имаат можност своите сметки кај охридските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место преку платформата Е-Даноци (edanoci.ohrid.gov.mk), информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, додава Пецаков.
OhridNews