Фудбалерите на Тетекс од денес се во Охрид каде ќе поминат седум дена во подготвување за следната сезона. Од 12 јули до вчера фудбалерите беа на подготовки во Тетово.

Досега беше првата фаза, кондициските подготовки со фокус на трчање и сила, а одигравме и три натпревари. Сега со одењето во Охрид влегуваме во средна фаза на подготовки со пријателски натпревари и воигрување на екипата. После враќање од Охрид ќе следи кристализирање на составот и работа на тактички замисли, изјави денес Славчо Георгиевски, шеф на стручниот штаб.

Во Охрид ќе се играат дуели со Струга Трим Љум (4.8) Гостивар (5.8) и Воска Спорт (8.8). Во текот на подготовките на клубот му се приклучија и Борис Јакимовски од Беласица и Ѓорѓи Глигоров од Осогово.

OhridNews