Од денес до 26 август во хотелот Инекс Олгица ќе се одржува Охридскиот хорски фестивал. Отворањето на Фестивалот е закажано за вечер во 19 часот каде предвидени се поздравен говор, заедничко пеење и настапи на отворено.
Утре од 10 до 11 часот предвиден е концерт на духовна музика, додека од 17 до 19.30 часот натпреварувачки концерти.
Во сабота, 24 август, од 10 до 11.40 часот, на програмата се фолк и поп концерт, а натпреварувачките концерти продолжуваат од 17 часот.
Во недела, 25 август, од 18 до 19 часот ќе се одржи Конференција за хорско диригирање и интерпретација, по што следува од 19 до 20 часот финалниот натпревар. Доделувањето на награди и затворање на фестивалот е предвидено да се одржи во периодот од 20 до 21 часот.
На Фестивалот ќе настапат 16 хорови од Унгарија, Полска, Чешка, Хрватска, Латвија, Естонија, Турција, Босна и Херцеговина, како и од Македонија.
Искусете ја магијата на музиката со нашата неверојатна постава на талентирани хорови од целиот свет! Без разлика дали сте искусен хорски ентузијаст или новодојденец, има по нешто за секого, посочуваат органнизаторите.
Целосната програма може да ја погледнете на официјалната страна на Охридскиот хорски фестивал.
OhridNews