Времето во поголемиот дел од Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Во северните делови и на планините попладне ќе настапи умерена локална облачност.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Според Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи, стабилно ќе биде и во среда, но во четврток поради продор на постуден воздух од север температурата ќе биде во опаѓање, а во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи.
OhridNews