На Скопскиот аеродром во четврток, 1 ноември, ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“.
На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник. Од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.
Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.
Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.
Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.
OhridNews