По студениот почеток на пролетта, снегот и минусните температури, деновиве не очекува нов временски шок. Метeоролозите најавуваат дека претстојниот викенд живaта во термометрите ќе се искачи до 19 степен Целзиусов.
– Максималната дневна температура во сабота ќе достигне до 17, а во недела до 19 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму предупредуваат дека високите температури ќе предизвикаат топење на снегот на планините, што може да предизвика поплави.