Маж и Жена од Лос Анџелес од бездомници станаа милионери откако судот пресуди во нивна корист во спорот кој тие го покренале против полицијата во Лос Анџелес.


Имено, неколку полициски службеници испукале повеќе од 15 куршуми кон брачниот пар кога ги пронашле како спијат во колибата во сопственост на нивни пријател во Ланчестер во 2010 година. Полицијата трагала по осуденик кој ја прекршил условната казна, а откако во колибата виделе силуета со предмет кој им изгледал како пиштол отвориле оган.

Жената била погодена од два куршуми, а мажот од овој инцидент се извлекол неповреден. Тие покренале постапка против полицијата од Лос Анџелес, а со пресудата во која гласело дека биле повредени нивните човекови права добиле отштета од $4,1 милиони долари.