Опседнатиот со автомобили Џон Мек Артур својата Шкода Фелиција ја претворил во единствен терен за голф. Креативното момче, кое има 22 години, целиот автомобил го прекрил со трева. Кровот го украсил со знаменце, а останиот дел од авотмобилот со палки и топчиња за голф.
Рекол дека на неговите пријатели авотмобилот многу им се допаѓа. Луѓето го гледале додека се возел со него, а многумина го фотографирале и го прашувале како успеал да го направи. И покрај изгледот на неговиот автомобил, голфот воопшто не го интересира и не планира наскоро да почне да игра.