На првата прес конфернција на овогодинешниот фестивал Охридско лето, организаторот најави дека отварањето на 48 – то издание на фестивалот, како и целиот концерт на светската старлета Џеси Норман, охриѓани и гостите ќе може да го проследат во живо на видео бим на градскиот плоштад.
– Во договор со менаџерот Лук Ван Лук кој несебично ни помогна и кој постојано работеше во наша корист, концертот комплетно ќе се пренесува во живо на плоштадот. Ова е подарок за сите нас од тимот на Норман – рече на прес конфернцијата Гордана Јосифова-Неделковска, селекторка на музичката програма на фестивалот.
На сцената Норман вечерва ќе ја придружува оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентство на Рејчл Ворби. Таа најави дека Норман вечерва ќе изведе повеќе популарни арии, како и две акапели со кои како што истакна, ќе ги приближи американскиот и македонскиот народ.