Студентското Собрание при Универзитетот за информатички науки и техниологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, се противи на Предлог-законот за измена и транформација на оваа високообразовна установа којшто е доставен до Собранието од осуммина пратеници: Жаклина Лазареска, Љубен Арнаудов, Рубин Земон, Сашо Василески, Арта Точи, Ѓулумсер Касапи, Ферид Мухиќ, Шпреса Хадри. Истиот треба да биде ставен на дневен ред на парламентот на 11 декември.
На ден 13.11.2019 год. претходно споменетите пратеници, до Претседателот на Собранието на РМ поднеле предлог-закон за трансформација на Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство “Свети Апостол Павле” Охрид. По разгледување на предлогот од страна на Студентскиот парламент (одговорен за застапување на правата и интересите на сите студенти при Универзитеот) забележано е дека: не постои правен основ на кој може да се изврши таков тип на трансформација како што е предложено во овој предлог-закон, наведениот предлог-закон предизвикува неколку месеци неактивност на универзитетот во целост, предлог законот не предвидува ниту еден факултет од областа на Компјутерските Науки и Инженерството, а со тоа се врши и повреда на стекнатите права на веќе запишаните студенти како и правна несигурност на идните генерации. – се наведува во дописот до медиумите од Студенското Собрание при Универзитетот за информатички науки и компјутерско инженерство “Св. Апостол Павле.
Најголема последица со овој предлог-закон би сноселе сегашните студенти кои се запишале на факултетите дел од УИНТ, а би завршиле како студенти на факултет за Применета Информатика и Хуманистика со што би го изгубиле статусот на инженери во целост, велат од Студенското Собрание при Универзитетот за информатички науки и компјутерско инженерство “Св. Апостол Павле”. Тоа достави Петиција против предлог-законот до Собранието, Владата на, МОН како и координаторите на пратеничките групи во парламентот, со потписи на сите студенти дел од студиите на овој Универзитет.
Причини кои се содржани во Петицијата против предлог-законот доставена до надлежните органи се:
-Директно прекршување на правото студентот редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот;
-Не се предвидува ниту еден факултет од областа на Компјутерското Инжинерство;
-Трошоците за промена на индекси и студентска легитимација се на грбот на студентите;
-Затекнатите студенти на сите факултети и сите студиски програми на Универзитетот, продолжуваат со студирање на факултетот на Применета Информатика и Дигитална Хуманистика, што воедно е повреда на стекнатите права за студирање и дипломирање на факултетите од подрачјето на информатичките науки;
-Празен период и неможност на студентите редовно да студираат, полагаат и дипломираат на овој Универзитет поради неопходен период за основање на матичната комисија, па се до именувањето на в.д. Ректор / в.д. Декан;
-Не постоење правен основ по кој се предлага овој закон. Основањето, вршењето на дејноста и престанокот на високообразовните установи се регулира со Законот за високото образование. Тој закон не препознава категорија „трансформација“;
-Предлогот-закон не е заснован на претходна анализа, такашто нема доказ дека предложените студиски програми се потребни и атрактивни;
-Областа на компјутерски науки и инженерство е најбарана и најплатена во локалниот и глобалниот пазар на труд. Со овој предлог-закон се одзема правото на сегашните и идните студенти да студираат и да дипломираат на посакуваниот Универзитет/факултет;
-Во нашата држава има недостаток од ИТ кадри, а со предлог-законот еден технички Универзитет за компјутерски науки се предвидува да се трансформира во Универзитет со факултети за кои нема толкава потреба. – стои во образложението на Петицијата што ја покренаа студентите од УИНТ „Св. Апостол Павле“.
Студентите упатуваат апел до повисоките органи кои се одговорни за гласање и донесување на овој закон, да го разгледаат и прифатат нивното барање и бараат тие да не го гласаат предложениот закон за трансформација на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид. Во спротивно студентите најавија дека излезат на протест.
OhridNews