Со голема целодневна забава, на 6 декември, петок, ќе биде реотворено реновираното Бистро „Корнер“. Од 16 до 21 часот за забавата ќе се погрижи диџеј Димитар, а од 21 часот почнува настапот на дуо „Дис“.
По повод реотворањето, во Бистро „Корнер“ промотивни цени ќе има на коктели, пива и други пијалаци.
Во меѓу време уживајте во извонредната понуда на „Скај Корнер“. Секое утро појадок без ограничување за само 200 денари!
Претстојниот викенд, уживајте во ексклузивните специјалитети од врвната кујна на хотел ресторан Скај Корнер и музичките уметници Дуо Дис во сабота вечер од 21 часот и маестро Ристе Виолинче во недела од 21 часот.
Оваа недела, 8 декември, не пропуштајте го омилениот ручек со семејтсвото или пријателите во „Скај Корнер“. Овој пат, на менито за ручек во „Скај Корнер“, внимателно креирано за сите сладокусци има: Крем салата – мариниран црн домат, киселен зеленчук, млеко, соја, пченка, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка.
Ваше е само да го изберете друштвото и навреме да резервирате маса за неделниот ручек, најдоцна до петок, 6 декември..
OhridNews