После осум години во Њујорк повторно ќе биде овозможено посматрање на градот од круната на Статуата на Слободата. Американските официјални лица објавиле дека на посетителите пристап до круната ќе им биде овозможен од 4-ти јули оваа година.


Посетата на круната е забранета откако се случи немилиот настан на 11 септември 2001 година. На почетокот пристапот ќе биде ограничен на 30 особи на час кои ќе бидат избирани по случаен избор.