Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски информира дека почнувајќи од 30. јуни граѓаните на РМ ќе плаќаат драстично пониска цена за роаминг услугите кога ќе патуваат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

– Ние, заедно со нашите соседи успеавме да направиме наш регулаторен пазар. Успеавме со нашата политика како пријателски земји да го направиме ова многу побрзо отколку ЕУ го има тоа направено во своите 28 држави членки кои дискутираат на оваа тема”, рече Ивановски.

OhridNews