За родителите кои нема да ги запишат своите деца во средно училиште законот предвидува казна од 1.000 евра во денарска противредност, но државниот секретар во Министерството за образование Перо Стојановски истакна дека измените не треба да се гледаат само низ призмата на казните, туку преку обезбедување услови тие да можат да се имплементираат.
Веронауката или историјата на религии ќе се изучува само една учебна година и тоа во петтото одделение. Веронауката во првата фаза ќе опфаќа само две религии – правослaвната и исламската. Предавањата ќе ги вршат дипломирани теолози кои од специјални тела на Министерството ќе треба да добијат сертификати откако ќе го положат потребниот испит.
– Со веронауката на децата им се пренесуваат верата, обичаите и здравите морални навики. Науката открива факти, ги проучува, но тие се осмислуваат само преку високи етички норми. Нашите училишта особено внимание посветуваат на умното развивање и просветување на развојот на интелектот, но училиштето треба да се грижи и за изградбата на целосна личност создавање на карактeрот, велат во министeрството за образование.
Законите ја поминале владината и сега се во собраниска процедура каде треба да ги разгледаат од соодветните работни тела и потоа да се најдат на пленарна седница.