Во САД до крајот на 2008 година во промет ќе биде пуштена нова банкнота до 100 долари, со многу подобра заштита од фалсификување, објавено е во Вашингтон.

Според сознанијата на агенцијата АП, една специјализирана фирма од американската сојузна држава Масачусетс ја примила нарачката од Владата во вредност од 46 милиони долари, за изработка на заштитниот жиг за новата банкнота.

Експертите наведуваат дека во изработката на новиот заштитен жиг ќе се користат најновите достигнувања на технологијата за микроштапма.

Управата за штампа на министерството за финансии на САД веќе дала одобрение за дизајнот на новата стодоларска банкнота која заради високостручниот начин на изработка на заштитниот жиг ќе претставува голем предизвик за сите потенцијални фалсификатори.

Експертите наведуваат дека за време на пробната изработка на заштитниот жиг за новата банкнота  во процесот на микроштампањето се направени околу 650 илјади линии.

Заштитниот жиг на сегашната банкнота од сто долари се одликува со тоа што кога ќе се изложи на ултравиолетово зрачење свети со црвена боја и на неа може да се прочита „УСА 100“. Новиот жиг ќе има слика која ќе се движи од лево на десно и одоздола нагоре ако банкотата се движи во раката.


На новата банкнота ќе бидат искористени и други заштитни елементи, а освен нежните пастелни бои на „стотката“ делумно ќе биде променета и сликата на еден од оснивачите на САД и познат научник Бенџамин Френклин.

Надворешниот облик на банкнотата од 100 долари не се менуваше во изминатите шест децении, а таа банкнота е најчесто предмет на фалсификување ширум светот. Официјалните податоци покажуваат дека сега во светот се вртат околу 776 милијарди долари во кеш. Две третини од таа сума е надвор од САД.

Повеќе од 70% на таа парична маса ја чинат банкноти од 100 долари.