Со почетокот на учебната година од понеделник 2 септември со одлука на Управниот одбор се враќа стандардното работно време на Библиотеката со читателите.
Од понеделник до петок пултот за зајмување ќе биде отворен од 8.30 до 18.30 часот. Како и досега читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите, информираат од Библиотеката.
Посочуваат дека читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 14 часот.
И натаму Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
OhridNews