Божиќниот период воопшто не е среќен за  Илчо Наумоски и неговиот  Матерсбур кој западна во резултатаска криза по поразот од  1-0 од Австрија Магна во последниот натпревар. Најголемиот проблем се поврзува со името на македонскиот репрезентативец Илчо Наумоски кој по измената во 89 минута го нападнал официјалниот преставник на гостите Харалд Ертл.


По нападот Ертл завршил во болницата каде му е дијагностицирана повреда на виличниот зглоб и потрес на мозокот. Со оглед на тоа какви се законите во Австрија , болницата ги пријави повредите кај надлежните, а “wiener neuestadt“ известува дека против него е покрената тужба.

Претседателот на клубот вели дека доколку обвиненијата се точни тогаш ќе бидат превземени мерки. За Наумоски кому му се заканува суспензија од 2 па до 48 натпревари, најголем проблем е тоа што нема сведок бидејќи ниту камерите ниту фотографите не го фатиле тој момент. Во „ „kronen zeitung“ “ пишува дека постои сведок но тој не сака да се открие неговиот идентитет.

Се е отворено се додека Ертл се наоѓа во болница и не може да го даде својот исказ. Преседателот на Матерсбург се надева дека судот ќе е праведен и нема во прв план да го стави фактот што тој (Наумоски) е странец . Наумоски сезонава повеќе е во весниците поради скандалите него по прикажаните игри. Лани го нападна својот соиграч Роберт Волтер, и избегна казна од 4 натпревари, додека во актуелната сезона поради навреда на судијата на пријателски меч, заработи суспензија од 5 натпревари.

Ohridnews