Специјалните пропусници ги издава Секторот за комунални дејности и сообраќај на Општината (лоциран во зградата на Црвен Крст-наспроти Гимназијата). Ќе им се издаваат на жителите од стариод дел од градот кои имаат важечка лична карта и сопствено моторно возило со важечка сообраќајна дозвола.
Специјални пропусници ќе се издаваат и на лица кои согласно важечката лична карта не се жители на овој дел од градот или воопшто на град Охрид, но во своја сопственост поседуваат куќа во тој дел на градот. Ќе им се издава толкав број на пропусници, колку што имаат простор за паркирање.
На издавачите на соби (легла) за приватно сместување ќе им се издаваат пропусници според просторот за паркирање кој го поседуваат. Како доказ мора да приложат документ за сопственост на недвижен имот во тој дел на градот како и доказ дека во склоп на нивната катастарска парцела го имаат решено просторот за паркирање.
Без специјални дозволи ќе може да се движат единствено специјални комунални возила, возила на МВР, АРМ, санитетски возила, погребни возила и ППЗ возила.