Од 15 октомври почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во Република Македонија увезени се 31.000 дози вакцина против грип и до крајот на оваа недела ќе бидат  дистрибуирани во сите центри за јавно здравје во државата, информираат од министерството за здравство.

Оттаму потенцираат дека вакцината што е увезена е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација и штити од три типа вирус на грип и тоа од типот А (Х1Н1), типот А (Х3Н2) и од групата Б. Вакцината е од холандскиот производител Абот.

– Сите граѓаните кои се заинтересирани да се вакцинираат треба да се јават во центрите за јавно здравје и да се вакцинираат. Вакцината е препорачана најмногу за постарите лица, хроничко болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет, велат од министерството.

Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари.

OhridNews