Од 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Владата на денешната седница донесе заклучок до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопшти владината прес-служба.
Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост
Владата денеска на седница согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок да се дозволи организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 проценти исполнетост од капацитетот на просторот.
Се дозволува и работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 посто исполнетост од капацитетот на просторот.
Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи, соопшти владината прес-служба.
OhridNews