Од 10 мај започнува со реализирање на календарот на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад за 2024 година на територијата на Општина Охрид.

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Апелираат до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации да се обрата на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

OhridNews