Датумот на почетокот на забраната се совпаѓа со започнувањето на примента на Режимот на сообраќај, бидејќи со него се одредува и каде да се движат камионите, кои од 1- ви јули нема да можат да вршат дотур на меатеријали за градба во овој дел од градот.
Одлуката за забрана за извршување градежни работи во летниот период во централното градско подрачје е донесена уште во 2007 година, од страна на Советот на општина Охрид и не е со ограничувачки период, односно нема потреба да се носи секоја година. Тоа значи дека таа се применува по автоматизам.