Освен директната авио- линија од Охрид кон Базел, од 1- ви јули годинава стартува и дирекна авио линија Охрид- Лондон, информира градоначалникот Никола Бакрачески.
– Вчера е избран најповолниот понудувач за воспоставување директна авиолинија Охрид -Лутон (Лондон), од 1-ви јули со фреквенција два пати неделно, изјави градоначалникот.
Тој информира дека постои голема веројатност наскоро да се воспостави и линија Охрид- Истанбул три пати во неделата, како резултат на лобирањето на парламентарците во турскиот парламент кои имаат корени од Охрид.
OhridNews