Владата на Србија го усвои протоколот за влез на српски и странски државјани во земјата, кој е во согласност со заштитата на населението од КОВИД 19. Согласно протоколот, српските државјани во земјата може да влезат со направен ПЦР тест кој е негативен и не е постар од 72 часа. Доколку немаат уреден тест со негативен резултат, лицето ќе мора да биде во домашна самоизолација во траење од 14 дена.

Во однос на странските државјани кои сакаат да влезат во Србија, мора да поседуваат негативен ПЦР тест на коронавирус не постар од 72 часа и дозвола која ја издава комисија составена од претставници од министерството за здравство, министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи. Дозволата може да се набави во српската амбасада или конзулат од земјата од која граѓаните доаѓаат.

Српската влада, од кризниошт штаб на земјата, доби препорака од 1 јуни да ги отвори границите за лица кои доаѓаат од соседните земји: Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија.

OhridNews