Трговците од наесен  ќе можат да продаваат алкохол само доколку поседуваат лиценца за  за продажба на алкохолни пијалоци што според најновите измени на Законот за трговија, Министерството за економија ќе почне да ги издава од 1 септември.

Поради големиот број барања Министрерството најави дека одреден период по 1 септември трговците ќе можат да продаваат алкохолни пијалоци и без лиценца, но само доколку имаат поднесено барање за нејзино добивање. Лиценцата ќе чини 20.000 денари и ќе има важност две години.


Oд први септември алкохол ќе се продава само во лиценцирани продавници

Трговците по 1 септември задолжително ќе мора да ги издвојат алкохолните производи од останатите бидејќи според новиот закон тие не ќе може да продаваат алкохол  по 19 часот навечер до другиот ден во шест часот. Со законот исто така, се забранува продажба на алкохолни пијалоци  на бензиските пумпи, киосците и во објекти во рамки на зелените пазари.

ohridnews