Од 1 октомври Министерството за внатрешни работи-МВР, ќе отпочне со издавање нови лични карти и возачки дозволи за граѓаните на Република Македонија.

Како што соопшти МВР, цената на образецот за новата лична карта е 190 денари, додека за нова возачка дозвола е 280 денари.

Граѓаните ма Охрид информации за новите лични карти и возачки дозволи ќе можат да добијат  на бројот 0800 192 92, а наскоро ќе можат и да закажуваат термин за аплицирање.

Досегашните лични карти граѓаните согласно законските прописи ќе треба да ги заменат во период од три години, а возачките дозволи во период од пет години сметано од 1 октомври 2007 година.

ohridnews