Централниот регистар известува дека со примена на измените на Законот за Едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и на Законот за трговските друштва, од 1-ви ноември 2015 година, покрај пријавите за упис на основање во Трговскиот регистар, исклучиво по електронски пат ќе се поднесуваат и пријавите за упис на промени и на бришење, преку регистрациони агенти – адвокати.

Согласно споменатите законски измени, престанува да се применува поднесувањето на пријави за упис во хартиена форма во канцелариите на Централниот регистар. Наместо тоа, уписите во трговскиот регистар за сите видови трговски друштва задолжително ќе се одвиваат единствено преку Системот за е-регистрација.

Листа на овластени регистрациони агенти за упис на основање и за упис на промени и бришења ќе биде објавена на веб-локацијата на Централниот регистар, www.crm.com.mk.

OhridNews