ЈП “Билјанини Извори” информира дека од 1 март, понеделник, цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари.

До денес 28 февруари е на важност одлуката на Општината Охрид за намалување на цената за паркирање во Премиум зоната која изнесува 30 денари за еден час паркирање и која беше донесена по барање на Здружението на угостители “Охридски Еснаф” со цел ублажување на последиците и загубите кои секојдневно ги генерираа угостителите поради Ковид-19. – соопшти ЈП „Билјанини извори“.

OhridNews