Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ станаа една компанија. Како што соопштија денеска двете фирми, одлуката е донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Новиот субјект ќе почне да функционира од  1 јули, од кога „Македонски телеком“ ќе нуди и фиксни и мобилни услуги како интегриран давател на телекомуникациски услуги. „Т-Мобиле“ од 1 јули нема да постои како правно лице, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски ќе бидат преземени од „Телеком“.

На чело на компанијата ќе биде Андреас Маиерхофер, актуелниот главен извршен директор на „Телеком“, а првиот човек на „Т Мобиле“, Жарко Луковски, во иднина ќе биде на позицијата главен оперативен директор.

Присоединувањето, сметаат во компанијата, има за цел да го оптимизира работењето и подобрување на финансиските резултати.

Како една компанија, посочуваат во „Телеком“, ќе се стремат да креираат конвергирани услуги, кои ќе бидат за целото семејство и ќе ги покријат сите комуникациски потреби: интернет, мобилна, фиксна телефонија и телевизија.

OhridNews