Од 1 јануари 2010 година ќе се затвораат сите објекти кои нема да ги исполнат ХАЦЦП стандардите, најави министерот за здравство Бујар Османи.

Тој појасни дека до 1 јануари 2010 година ќе се затвораат објектите само на оние оператори со храна кои воопшто не почнале да го имплементираат ХАЦЦП, а субјектите кои веќе стартувале со воведување на стандардот ќе добијат помош од државата за негово побрзо реализирање.

– Обврската за воведување ХАЦЦП е задолжителна за сите оператори со храна. Но, поради кризата и самиот процес кој е долготраен и сложен, олабавивме во делот на казните. Одлучивме да им помогнеме на субјетите кои почнале со имплементација на системот. Но, предупредуваме дека од 1 јануари 2010 година ќе се затвораат сите објекти кои нема да ги исполнат стандардите, изјави вчера во Скопје, министерот Османи.

Од вкупно регистрираните 16.000 оператори со храна, околу 600 целосно вовеле ХАЦЦП, а над 3.000 го имплементираат.

Ohridnews